
Западните медиуми признаваат дека полска ракета, а не руски дрон, оштетила полска куќа…
По денови инсинуации дека невооружени руски беспилотни летала-мамки некако го уништиле целиот покрив на цивилна куќа во Полска, западните медиуми како „Ројтерс“ признаваат дека станува збор за ракета испукана од полски авион Ф-16;

Претходно, наративот дека куќата во Полска настрадала од руско летало се користеше за да се апелира во јавноста за поотворена европска интервенција во Украина, со зголемување на испораката на оружје или распоредување европски трупи на терен со надеж дека ќе се замрзне конфликтот.