Skip to main content
Стапуваат на сила новите сообраќајни правила

Поминување пешачки со мобилен ќе се казнува со 40, користење мобилен на тротинет со 50 евра

Стапуваат на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот. Законот е објавен во Службен весник и од 26 септември ќе почнат да се применуваат построги одредби за учесниците во сообраќај.

Особено внимание ќе биде посветено на користењето на електронски уреди при движење во сообраќајот. Така, преминување пешачки премин додека се употребува мобилен телефон ќе се казнува со 40 евра, а за возачите на тротинети, трактори, мотори кои и возат и користат електронски уреди казната е 50 евра.

Пешакот е должен да се движи внимателно, без притоа да користи електронски уреди… со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека“, стои во член 116-а од Законот.

Од Нова година треба да стапи во употреба и системот „Безбеден град (Сејф сити)“, кој со видеонадзор ќе открива сообраќајни прекршоци. Сепак, за тоа е потребно да се усвои и Законот за прекршоци, кој сè уште не е разгледан во Собранието.

Поврзани вести