Skip to main content

Украина презеде од Русија тела на над 1.000 загинати украински војници, а предаде само 24 загинати Руси

Украина презеде над 1.000 тела на свои загинати војници кои и ги предаде Русија, објави на Телеграм Центарот за воени заробеници на Владата на Украина.

Руски воен дописник на Телеграм напиша дека Русија преела повеќе од 24 тела на своите мртви војници кои се предадени од Украина.

Размената на тела на војници и воени заробеници е резултат од преговорите меѓу Москва и Киев повеќе од три и пол години од почетокот на војната во Украина.

Последната размена го зголемува бројот на тела што Русија во текот на оваа година и ги врати на Украина на повеќе од 12.000, при што Украина и предаде на Русија само неколку стотини.

Преговорите за прекин на огнот и постигнување траен мир подолго време се во ќорсокак, бидејќи позициите на Москва и Киев се непомирливи.

Поврзани вести