Skip to main content

Изложба „Осончена тишина“ на Александра Костадиновска отворена во Центарот на култура во Делчево

Во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево е отворена ликовната изложба „Осончена тишина“. Изложбата се состои од авторски фотографски дела на Александра Костадиновска за кои имаше голем интерес кај љубителите на фотографијата и уметноста.

Фотографската серија ја прикажува интимната визија на авторката низ европски простори, каде што светлината е претставена како жива материја и симбол на нови почетоци. Преку внимателно избрани кадри, Костадиновска создава визуелно патување исполнето со тишина и хармонија, кое ги води посетителите кон нови доживувања и толкувања“, истакна на отворањето на изложбата директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Златко Начовски.

Настанот е во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и претставува уште еден значаен културен настан во календарот на институцијата, со цел промоција на современите уметнички изрази и младите автори.

Изложбата се реализира во рамките на проектот МУЗЕУМ ЛИНК и ќе може да се посети секој работен ден до 29 септември.