Skip to main content

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на силна победа на локалните избори, очекуваме поголем број на општини, повеќе и од 2021

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панел дискусијата организирана од Партиски истражувачко – аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ – „Љубиша Георгиевски“ (ПИАЦ) организираше панел дискусија на тема ,,Програмите на кандидатите за градоначалници се одраз на идеите и предлозите на граѓаните директно и предизвиците кои ги воочивме во изминатиот период“.

,,Она што секојдневно го гледаме на терен, контактите со граѓаните, разговорите со граѓаните, укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има силна и голема победа на овие локални избори. Тоа го кажуваат не само анкетите коишто ги следиме, тоа го кажуваат и она што го гледаме од секојдневните контакти со граѓаните“, вели Сајкоски.

Сајкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа во најголем број општини, а тоа ќе овозможи државата да се развива онака како што очекуваат сите граѓани.

,,Ќе имаме победа во најголем број општини, ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа. Ќе имаме победа поголема од онаа што имавме во 2021. Победа за поголем број на советници, поголем број градоначалници“, рече Сајкоски и додаде дека резултатите за една година се видливи и додаде:

,,Сакам да напоменам, граѓаните увидоа дека за една година централна власт, четири години локална власт, може да се направат многу работи. За една година централна власт Владата покажа дека може да се работи поинтензивно, поактивно“.

Поврзани вести