
Игор Џамбазов е лауреат на 17. меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој на 29 септември ќе се отвори во Крива Паланка. Тој ќе ја прими наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност, Џамбазов во Големата сала на Општина Крива Паланка.
Игор Џамбазов, првенецот на Македонскиот народен театар (МНТ) е безвременски уметник – глас и лик кој ја збогатува македонската театарска сцена со страст, а неговиот талент остава длабока трага што се памети, велат од Општина Крива Паланка.
Наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност му се доделува како признание за неговиот исклучителен придонес и посветеност.