Skip to main content

Мицкоски: Очигледна е соработката на ДУИ и Левица во Тетово, Гостивар и Струга, целта им е раслојување на анти ДУИ гласовите во овие општини

Очигледна е соработката на ДУИ и Левица во Тетово, Гостивар и Струга, целта им е раслојување на анти ДУИ гласовите, бидејќи Западна Македонија не се само овие општини, истакна денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Јас од вчера не сум во политиката и потегот на политичката партија Левица да извади свои кандидати во општините Тетово, Гостивар и Струга и тоа да го брендира не ја заборавиле Западна Македонија а притоа да не извади свои кандидати, пример овде во Јагуновце, Теарце и во другите општини, бидејќи Западна Македонија не е Струга, Тетово и Гостивар има и други општини и доволно говори дека нивната цел кординирана е со политичката партија ДУИ за да дојде до дисипација, раслојување на анти ДУИ гласовите во тие општини, затоа што ДУИ сваќа дека во тие општини неможе да победи, изјави Мицкоски.

Поврзани вести