Skip to main content

Подметнат пожар во сервис за автомобили во Пинтија – потпалувачот снимен на камера

Рано утринава беше подметнат пожар во сервис за автомобили во Стаклара, населба Пинтија во општина Кисела Вода, при што биле опожарени поголем број на возила. Пожарот избувнал над Стаклара во метстото наречено Каменик, а во сервисот имало повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети.

БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот – велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од видеото се гледа дека маж ја прескокнува оградата ги полива автомобилите и потоа ги потпалува и бега од местото на настанот.

Дали се работи за изолиран случај?! Веројатноста е многу мака со оглед дека постојат сомнежи дека сите настанати пожари во Вардариште, Дрисла, и Трубарево се организирано подметнати. Се работи ли за црна предизборна кампања?!

Поврзани вести