
– Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот. На терен интервенирале осум противпожарни возила.