Skip to main content

Земјотреси утрово ги тресеа Бугарија и Грција

Freepik

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 15 септември, во 08:01 часот во Бугарија.

Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри од Бургас.

Земјотресот бил на длабочина од 16,8 километри. Нема информации за материјални штети.

Земјотрес утрово е регистриран и во Грција. Земјотресот бил со интенрзитет од 4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 17 километри. Епицентарот бил во близина на островот Санторини, и бил почувствуван и на овој остров, како и на групата на острови кои се наоѓаат во близина.

Поврзани вести