Skip to main content

„Култура Бета“ со циклусот поетски читања „Поетска епизода“ учестуваше на Фестивалот „Комшилук“

Култура - Бета / Младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски го модерираа настанот

Во рамки на фестивалот „Комшилук“ кој се одржа во село Побожје, Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ учествуваше со својот циклус поетски читања „Поетска епизода“.

На ова издание на „Поетска епизода“ настапија десетмина поети и тоа: Марија Велинова, Ива Петреска, Владимир Мартиновски, Викторија Ангеловска, Марија Ангеловска, Александра Спасевска, Стефан Спасовски, како и младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски кои го модерираа настанот.

Настанот се одвиваше во една од куќите во с. Побожје во скопската околија каде што се случува фестивалот „Комшилук“ каде што, покрај поетското читање, се одржаа и низа други настани како свирки, концерти, настапи на културно-уметнички друштва, изложби, работилници и предавања, како и послужување на храна припремена од локалните жители.

Со овој настан „Култура Бета“ ги започнува своите програмски активности за вториот дел од годината.

Поврзани вести