
Фудбалскиот сојуз на Србија и репрезентацијата очекуваат строга казна од ФИФА, поради она што се случи на натпреварот помеѓу „Орлите“ и репрезентацијата на Англија, како дел од квалификациите за Светското првенство 2026.
Според порталот „Sportbible“, најголемиот проблем за ФСС ќе биде скандирањето на навивачите за Косово и Метохија. Англиската држава:
„Косово еднострано прогласи независност од Србија во 2008 година и сега е делумно призната независна држава. Сепак, Србија не го признава Косово како независно и на двете нации им е забрането да играат една против друга на меѓународни натпреварувања“, пишува порталот.
На српските навивачи им се замерува не само скандирањето за Косово и Метохија, туку и, како што пишуваат Англичаните, „провокативен транспарент со мапа на Косово покриена со боите на српското знаме“.