Skip to main content

Министерот Андоновски се сретна со златниот медалист Владимир Грчев

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска се сретна со младиот информатичар Владимир Грчев, кој неодамна го освои златниот медал на Европската олимпијада по информатика за млади (EJOI), што се одржа во Шумен, Бугарија.

Како што информира Министерството за дигитална трансформација, Владимир Грчев е ученик во прва година во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје, потекнува од Кочани и е еден од најперспективните млади таленти во областа на информатиката во земјава.

Министерот Андоновски му честитал за извонредниот успех и изразил голема гордост за резултатот кој Владимир го постигна на меѓународната сцена.

Успесите како овој не само што го потврдуваат квалитетот на младите ИТ таленти во Македонија, туку и нè охрабруваат да продолжиме со инвестирање во нивниот развој. Сигурен сум дека Владимир допрва ќе ја радува Македонија со европски и светски успеси на секое негово идно натпреварување, нагласил министерот Андоновски.

Андоновски на средбата потенцирал дека Министерството за дигитална трансформација и Владата ќе продолжат со поддршка за ваквите млади таленти кои гордо ја претставуваат Македонија ширум светот, преку програми за образование, иновации и натпреварувачки активности во областа на технологијата и програмирањето.

Поврзани вести