Skip to main content

Mиленикот на Вардарци утре во Битола

 Распоред одреди ракометниот шампион на Хрватска Загреб првиот натпревар од новата сезона од Лигата на шампионите да го игра во Битола, против македонскиот првак Еурофарм Пелистер. Во новата сезона дресот на Загреб, ќе го носи хрватскиот репрезентативец и поранешен играч на Вардар, Игор Карачиќ.

Тој е еден од малкуте играчи во составот на Загреб, кој ја знае атмосферата во битолската сала.

Во среда стартува европскиот пат за нас. Добро сме мотивирано и со нетрпение чекаме натпревар, по долгите подготовки. Очекувам во Битола да прикажеме добра игра. Станува збор за „жежок“ терен и навистина не е лесно да се игра во Битола, знам од претходно кога сум играл. Пелистер е добра екипа и мислам дека се добро покриени на сите позиции. Со голема борбеност и со малку среќа можеме и до бодовите, изјави Карачиќ.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб се игра в среда со почеток во 20:45 часот.