Skip to main content

Турција фуриозно во полуфиналето на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Турција обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако попладнево ја совлада Полска со 91:77 (19:19; 27:13, 19:18 и 26:27). Нивни ривал во полуфиналето ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Литванија и Грција што почнува во 20 часот.

По изедначениот прв период (19:19) решавачката предност Турција ја направи во вториот период, кој го доби со 27:13. Тоа беше и разликата која беше и на крајот на натпреварот особено што секоја од репрезентациите доби по еден период до крајот со по поен разлика.

Прв играч на натпреварот беше Алперен Шенгун од Турција кој имаше „трипл дабл“ – 19 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Во утрешните два четвртфинални натпревара ќе играат: Финска – Грузија и Германија – Словенија.

Поврзани вести