
Поетско читање со Џери Марфи / ќе се одржи денеска (понеделник, 25 август), од 20:30 часот во кафе-книжарница „Буква“.
Поетот ќе чита песни од книгата „Жалба до Музата / A Complaint to The Muse”, издание на ПНВ Публикации. Препевот од англиски на македонски е на Јулијана Величковска, која ќе биде и модератор на настанот.