
Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да го ангажира македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски, објави весникот „Дејли Мејл“.
Според истиот извор, тренерот на Ренџерс, Расел Мартин, настојува да го засили нападот, бидејќи иднината Сириел Десерс и Хамза Игамане е сè уште неизвесна, а 26-годишниот Македонец би можел многу да помогне во решавањето на офанзивните проблеми што го оптоварија почетокот на сезоната на клубот од Иброкс, со само два постигнати голови во двата воведни натпревари во шкотската Премиер лига.
Евентуален договор на Ренџерс со Миовски ќе значи враќање на македонскиот напаѓач во шкотското првенство во кое со голем успех настапуваше за Абердин за кој постигна 41 гол на 94 натпревар пред да потпише четиригодишен договор со шпанскиот прволигаш Жирона за 6.5 милиони евра.
Сепак, Миовски не се снајде во Жирона и ќе го напушти шпанскиот прволигаш за кој постигна само четири голови на 23 натпревари.
Сега му е кажано дека нема иднина во Жирона и, иако самиот претпочита траен трансфер – нешто што Ренџерс можеби нема да може да си го дозволи без претходно да продаде играчи – наместо позајмица, можноста за враќање во шкотскиот фудбал би можела да ја промени одлука на Миовски, пишува „Дејли Мејл“.