Skip to main content

Пожарот помеѓу Богомила и Согле е локализиран

ЈП Национални шуми информираа дека на ден 17 август 2025 година, е пријавен шумски пожар околу 14.00 часот од вработени од подружница Бабуна од Велес кои биле во редовна контрола, во Шумско стопанската единица Биса, помеѓу селата Богомила и Согле.

На терен веднаш е излезена екипа од подружницата Бабуна од Велес, но освен нив, во гаснењето на пожарот учествувало и локалното население од околните населени места, како и екипа од ТППЕ од Велес. Најголем непријател во гаснењето бил ветерот кој го отежнувал гаснењето на пожарот во ниско стеблена дабова и габерова шума.

Поврзани вести