
На граничниот премин „Богородица“ утринава за излез од државата кон соседна Грција се чека околу 40 минути, додека на „Табановце“ чекањето е околу половина час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите гранични премини, како што велат од АМСМ, нема подолги задржувања од македонска страна при влез или излез од државата.
Како што информираат од АМСМ, поради летните одмори зголемена е фреквенцијата на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.