Skip to main content

ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации

Фото: Facebook / Дирекција за заштита и спасување

Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 19 часот на територијата на државава. Од нив, седум се активни, два се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни пожари се регистрирани во Македонски Брод, каде гори мешана шума во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во Сарај, во селата Свиларе и Радуша кон Дворце, со пожари во ниска вегетација и мешана шума, Врапчиште, меѓу селата Сенокос и Горјане, каде се работи за шумски пожар, Македонски Брод, во селото Крапа, со ниска вегетација и нискостеблеста шума, Долнени, во близина на кланицата, каде гори ниска вегетација и стрништа и Прилеп, во селото Големо Коњари, со пожар во ниска вегетација и стрништа.

Под контрола се пожарите во Крива Паланка, во селото Нерав, место „Биљино“, каде гори ниска вегетација и шума, и во Кичево, во селото Челопеци, каде гори нискостеблеста шума.

Изгаснати се пожарите во Чешиново-Облешево (село Чешиново), Кичево (Челопеци – Миокази), Куманово („Дива населба“ кај салонот „ДУЛИ“ и село Оризаре), Јегуновце (села Прељубиште, Јанчиште кај црквата и Копанце), Радовиш (село Прналија), Долнени (село Секирци), Кривогаштани (село Обршани) и Брвеница (од село Теново кон месноста „Света Недела“). 

Поврзани вести