
Со тешки повреди 26-годишна туристка била пренесена во болница во грчкиот град Полигрос откако чадор, кој одлетал поради силниот ветер, ѝ се забил во ногата и ѝ ја пробил.
Чадорот излетал држачот додека таа се сончала на плажата Посиди на Халкидики.
Инцидентот се случил во петокот околу 13 часот. Спасувач, кој не бил на должност, веднаш реагирал и спречил поголема трагедија заедно со екипата за итни случаи што пристигнала на местото на настанот.