Skip to main content

Битола почувствува земјотрес од 3.9 степени, епицентарот во Грција

Freepik

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку станиците инсталирани ширум територијата и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 13 часот и 07 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Грција. Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 165 километри југозападно од Скопје, а според Рихтеровата скала, магнитудата изнесувала ML 3.9.

Според првичните податоци од опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во Битола и околните места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани вести