Skip to main content

Навивачите на Вардар и Пелистер им оддадоа почит на загинатите кај Карпалак

Навивачките групи на Вардар и на Пелистер им оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, на годишнината од нивната смрт.

На натпреварот од првото коло од новата сезона во Првата лига, на Арената во Скопје и двете навивачки групи посветија пораки за сеќавање и почит на загинатите бранителе.

Први беа Чкембарите, кои на својот дел од трибината истакнаа транспарент со пораката:

Македонски маченици кои денес се во рајот, Карпалак, 09.08.2001″

Неколку минути подоцна, дојде ред на Комитите, чија порака гласеше:

Прости ми моја најмила сега јас сум ѕвездата Деница, Карпалак, 08.08.2001″

Поврзани вести