
Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ освоија награда за најдобар научен труд за модел на вештачка интелигенција на македонски јазик на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, ворамки на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL во Виена, Австрија.
Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа Ташковска, под менторство на професорите Бранислав Геразов и Христијан Ѓорески, развија четири ресурси, голем јазичен ВИ модел специјализиран за македонски јазик, најголемиот јавно достапен текстуален корпус за македонски јазик, множество инструкции на македонски јазик за развој на големи јазични модели и систем за евалуација на перформансите на јазичните модели на македонски јазик.
Овие ресурси, кои се јавно достапни на веб-страницата www.lvstck.org, претставуваат прва отворена инфраструктура за развој на големи јазични модели и апликации базирани на вештачка интелигенција на македонски јазик . Тие може да се користат како основа за понатамошни истражувања, развој на македонски јазични алатки и нивна примена во различни сфери и апликации.