Skip to main content

Вечерва почна деветтото издание на филмскиот фестивал „Дрим Шорт“ во Струга

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“ се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“.Фестивалот ќе се одржи од седми до десетти а вгуст на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.Програма за 7 август (четврток)Локација: Парк на поезијата, Струга 19:30 Официјална церемонија за отворање на „Дрим Шорт 2025“ 20:30 Проекција на филмовиСоочување со минатото „Човекот што не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ, 14’Меѓународна конкуренција „О“ во режија на Рунар Рунарсон, 20′.

Регионална конкуренција „Речиси сигурно неточно“ во режија на Џансу Бајдар, 20’Национална конкуренција „Зајак“ во режија на Ханис Багашов Специјална проекција „17 часот“ во режија на Флака Коколи,10′ „Излез“ во режија на Лум Радониќи, 25’Овогодишното жири го сочинува истакната група филмски професионалци: Јелена Јованова, актерка; Никола Ристановски, актер; Гвидо Казале, режисер; и Бранко Ристовски, монтажер и продуцент.

Поврзани вести