
Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, во интервју за Newsmax Balkans откри дека компанијата влегува во нова фаза на развој на пазарот во Македонија со дополнителна инвестиција од 50 милиони евра. Целта е Телеком Србија да стане водечки телекомуникациски оператор во земјата, како што е тоа веќе постигнато во Црна Гора.
Пазарот во Македонија пазарот е исклучително конкурентен и на високо ниво на развој. Оптиката и мобилната телефонија се значително развиени, а ние сме нови играчи. Ќе се трудиме во блиска иднина да придонесеме за уште подобра конкурентност. Генерално, Западен Балкан е на високо ниво на развој на оптичка и мобилна инфраструктура. Доколку се погледнат некои истражувања што ги имаат спроведено Обединетите нации, може да се забележи дека степенот на развој на телекомуникациите во регионот е на високо ниво,“ додаде тој.
Говорејќи за тековните инвестиции во Македонија, Лучиќ нагласи дека досега се инвестирани 18 милиони евра како директна странска инвестиција.
Посветени сме на долгорочна стратегија за присуство на овој пазар, поради што и инвестициите се значајни и сериозни. Нашата компанија во Македонија моментално има повеќе од 100.000 корисници и 90 вработени. Презедовме дел од United Group во Србија, а сега и во Македонија. Делот кој претходно беше познат како Total TV сега е интегриран во нашата мрежа,“ објасни директорот на Телеком Србија. По четири години започнуваме нов инвестициски циклус во Македонија, со план да вложиме 50 милиони евра. Ќе работиме активно на изградба на оптичка мрежа и ќе разгледаме можности за преземање на помали кабелски оператори, со цел да го продолжиме растот, додаде Лучиќ.