
Лозарите ја почнаа бербата во неизвесност – без утврдена цена, без поддршка и без одговори од Владата, стои во соопштението од СДСМ од теренска прес-конференција на Виктор Велевски – кандидат за градоначалник на Кавадарци кое МИА го пренесува во целост, изјави Виктор Велевски – кандидат за градоначалник на Кавадарци од СДСМ од теренска прес-конференција.
ВМРО-ДПМНЕ ги остави лозарите на цедило, и покажа целосна негрижа за една од најважните извозни гранки во земјоделството и за целиот наш крај.
Иако Законот за вино, донесен во март 2024, обврзува Министерството за земјоделство до 15 јули да ја утврди производната цена за смедеревка и вранец – тоа не е направено.
И покрај тоа што новиот Закон за вино, донесен во март 2024, јасно налага дека Министерството за земјоделство до 15 јули мора да ја утврди производната цена за смедеревката и вранецот, која треба да биде минимум 25% поголема од таа цена – тоа не е направено“, изјави Велевски.
Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ го прекршила законот и не ја исполнила оваа обврска.
Велевски вели дека државата има обврска да обезбеди откуп по таа цена, но токму државата не ги почитувала своите закони. Тој додаде дека наместо стабилност и фер услови, лозарите се приморани да продаваат под реална цена, што е директен удар врз егзистенцијата на илјадници семејства од Тиквешијата.
Ова е уште еден доказ за целосното непочитување на лозарите и нивниот труд од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот министер за земјоделство.
Па уште и се фали со „историска цена“ – зголемена едвај за 0,50 денари. Тоа е навреда за трудот на лозарите.
Почитувани лозари,
Како кандидат за градоначалник на Кавадарци, сакам да знаете дека јас сум вашиот сојузник, вашиот глас и силен поддржувач.
Вашиот труд мора да се цени, вие мора да бидете заштитени.
Вие Знаете што значи вистинска поддршка – СДСМ никогаш не ве остави сами, го донесе законот кој ве штити, ги зголеми субвенциите, откупните цени.
Ако ја добијам вашата доверба, Кавадарци ќе има градоначалник кој гласно ќе застане зад вас – за фер услови, исплатливо производство и локални мерки преку општината“, изјави Велевски.