Skip to main content

Концерт на најуникатната музичка четворка на кларинет -„Кларинетска одисеја“ на Бит Фест

Во рамките на програмата на Битолското културно лето, утре во Хераклеја ќе се одржи концерт насловен „Кларинетска одисеја“ со почеток од 21:00 часот. 

Kонцертот е дело на најуникатната музичка четворка со светско реноме, а публиката на една сцена ќе може да ги слушне четворицата мајстори на кларинетот: Исмаил Лумановски, Благојче Трајковски, Горан Бојчевски и Благој Ламњов.

Настанот ќе биде збогатен и со други гости, кои ќе дадат посебна убавина на оваа Кларинетска одисеја.

Настанот „Кларинетска одисеја“, се реализира во рамките на БИТ ФЕСТ, како нов начин на меѓуинституционална соработка, поддржана од Министерството за култура и туризам, во рамките на повикот за креативни индустрии.

Поврзани вести