Skip to main content

Бил покриен со земја и предмети: Човечки труп пронајден скриен во шупа од куќа во Кавадарци

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во куќа во која е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж, информираат од Јавното обвинителство. 

Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам, појаснуваат од Обвинителството. 

Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот. 

Од лице место подигнати биле траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител, соопштија од Обвинителството. 

Поврзани вести