Skip to main content

ЦУК: 26 пожари на отворен простор, 11 активни, четири под контрола и 11 изгаснати

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани до 21 часот денеска. Од нив единаесет се активни, четири се ставени под контрола и единаесет изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино – планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (Опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција – не се интервенира поради детонации (мешана шума), Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и Галиште и Трстеник (Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација), Општина Македонски Брод: с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), Општина Желино: с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума), Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума), Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште), Општина Чашка: с. Ореше (ниска вегетација и букова шума), Општина Ресен: с. Долно Перово (евлови дрва, врби, трска и сува трева), Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума).

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Штип: помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева),  Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума) и Општина Петровец: Катланово – с. Чифлик (ниска вегетација, грмушки и дабова шума). 

Изгаснати се пожарите во Општина Битола: ул. Игњат Атанасовски (ниска вегетација), Општина Василево: с. Босилово (депонија), Општина Куманово: с. Умин Дол (ниска вегетација), Општина Охрид: с. Горно Лакочереј (стрниште), Општина Куманово: н. Бедиње (ниска вегетација), Општина Тетово: покрај автопат Тетово – Скопје (ниска вегетација), Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација), Општина Кривогаштани: с. Годивје (ниска вегетација и плевна), Општина Ресен: с. Долна Бела Црква (ѓубриште), Општина Босилово: с. Моносипитово и с. Банско (депонија) и Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Руѓинце – пожарот се шири кон с. Димонце и Коњух (Опш. Кратово), загрозува куќи и помошни објекти (ниска вегетација

Поврзани вести