Skip to main content

Сончево време со благ пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец.

Минималната температура e во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне повремено засилен северен ветер.

Минималната температура се спушти до 19, а максималната ќе достигне 36 степени Целзиусови.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од петок се очекува постепен пораст на температурата. 

Поврзани вести