Skip to main content

Мизрахи: Со граѓаните од Чучер Сандево разговараме како ќе се одвиваат работите и општината ќе се развива во следните четири години со новиот градоначалник

Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, беше во посета на Чучер Сандево каде што со граѓаните разговараше за локалните проблеми.

Зборуваме за тоа што е до сега направено и потребата од повеќе и подобро. Со млади сили, полни со ентузијазам за современа, модерна и просперитетна општина.

За она, како младите сили полни љубов за граѓаните на оваа општина ќе доведат до нови инфраструктурни решенија, грижа за младите, за семејствата, но и за повозрасните, за земјоделците, меѓутоа и за малите и средни претпријатија.

Буквално за се, со чесна визија и акционен план за тоа како ќе се одвиваат настаните во наредните четири години.

Нормално, со новиот градоначалник на Чучер Сандево“, порачува Мизрахи.

Поврзани вести