Skip to main content

Пожарникар почина од срцев удар додека гаснеше пожар во Турција

Freepik

Шумски пожари што беснеат низ Турција со недели му се заканија на четвртиот по големина град во земјата, Бурса, во северозападна Турција, денеска принудувајќи повеќе од 1.700 луѓе да ги напуштат своите домови, и веќе има еден загинат еден пожарникар.

Пожарите што избувнаа во пошумените планини околу Бурса се проширија брзо. Десетици големи шумски пожари ја погодуваат земјата секој ден од крајот на јуни, а владата во петокот прогласи две западни провинции, Измир и Билеџик, за зони погодени од катастрофа.

Канцеларијата на гувернерот на Бурса денеска објави дека 1.765 луѓе се безбедно евакуирани од село на североисток, додека повеќе од 1.900 пожарникари се борат со пламените јазици.

– Пожарникарот почина од срцев удар додека беше на работа, изјави градоначалникот на градот, Мустафа Бозбеј, додавајќи дека пламените јазици изгореле 3.000 хектари околу градот. Орхан Сарибал, опозицискиот парламентарец за покраината, ја опиша сцената како „апокалипса“.

Невообичаено високите температури за оваа сезона, сушните услови и силните ветрови ги поттикнуваат пожарите.

Поврзани вести