Skip to main content

Жељазков: Во Бугарија активни околу 240 пожари, очекуваме четири хеликоптери и два авиона од ЕУ

Freepik

Очекуваме четири хеликоптери – од Чешка, Унгарија, Словачка и Франција, како и два авиона од Шведска да се приклучат денеска во гаснењето на пожарите на територијата на Бугарија во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, кој коментираше на темата за време на неговата официјална посета на Република Молдавија, јави БТА.

Жељазков истакна дека пожарите во државата во овој момент се околу 240, кои предизвикуваат сериозна штета, вклучително и прекуграничен ефект. Според него, 95% од пожарите се предизвикани од човечка небрежност и затоа ги повика граѓаните на внимателност и одговорност, особено во услови на летни горештини и суши.

Ситуацијата кај Струмјани и понатаму е тешка, рече премиерот, додавајќи дека покрај воените хеликоптери, таму ќе бидат распоредени и 50 воени лица од Министерството за одбрана. Пожарот кај Лесово ја преминал границата со Турција, а луѓе се евакуирани од областа кај селата Тран.

„Европскиот механизам е активиран и европската солидарност функционира“, изјави Жељазков.

Поврзани вести