
Сообраќајот се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и на ГП Пелинце каде времето на чекање е околу 45 минути. На ГП Богородица времето на чекање изнесува околу 30 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.