Skip to main content
b1Xsw1ZxUh8

20 автомобили со албански знамиња поминуваат патарина без да платат

Со вклучени трепкачи дваесетина возила ја поминуваат патарината на автопатот Гостивар-Скопје без да платат. Со албански знамиња на автомобилите, застанати во една колона, минуваат без ниту едно возило да застане и да плати. Подзастанува прв иот, кој веројатно го прави договорот за слободно поминување на сите возила. По него сите минуваат без никаков проблем.

По реакциите во јавноста, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) излезе со соопштение во кое потврдува дека направена е внатрешна контрола веднаш по објавувањето на видеото. Според нив, првото возило во колоната платило патарина и за другите зад него, но постојат и случаи каде тоа не е направено.

„Веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка. Контролата утврди дека само за неколку возила не е наплатена патарина. По целосно расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки“, наведуваат од претпријатието.

И покрај објаснувањето, дел од јавноста остана скептична и гневна, оценувајќи дека ваквото однесување создава чувство на нееднаквост и ненаказнивост. Граѓани коментираат дека ако обичен возач помине патарина без да плати, веднаш добива казна, додека во овој случај сè уште нема ниту казнети лица.

Поврзани вести