Skip to main content

Директорите на Македонските културно-информативни центри на трибина по повод 20 години од основањето на КИЦ во Софија

Македонскиот Културно-информативен центар во Софија, по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од неговото основање денес ќе одржи трибина на тема, „Стратешки цели и развој на културната дипломатија – улогата на културно-информативните центри“.

Панелисти на трибината се директорите на македонските Културно-информативни центри во Загреб, Белград, Истанбул и Софија, г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска, г-н Васко Шутаров, г-н Диме Ратајкоски и г-н Зоран Пејковски.

Оваа трибина има за цел да иницира конструктивна дискусија за актуелната и идната улога на македонските културно-информативни центри во странство, со посебен акцент на нивниот придонес во унапредувањето на културната дипломатија, преку размена на искуства, предизвици и визии за развој.

Во рамките на трибината директорот на македонскиот КИЦ во Софија, г-н Зоран Пејковски на учесниците на трибината ќе им додели признанија и благодарници по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на македонскиот КИЦ во Софија.

Со оваа трибина ќе се даде значаен придонес за достоинствено одбележување на овој важен јубилеј и за заедничко обликување на идните насоки на македонската културна дипломатија.

Поврзани вести