
Велика Британија и повеќе од 20 други земји денеска повикаа на итен прекин на војната во Појасот Газа и го критикуваа моделот за испорака на хуманитарна помош што го применува израелската влада, нарекувајќи го опасен, дестабилизирачки и понижувачки за жителите на Газа.
Ние, потписниците наведени подолу, се обраќаме со едноставна, итна порака – војната во Газа мора веднаш да запре, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија, Австралија, Канада, Данска и други држави.
Државите потписнички се подготвени да преземат дополнителни чекори за да го поддржат итното примирје и да обезбедат политички пат кон безбедност и мир за Израелците, Палестинците и целиот регион, се истакнува во документот.