Skip to main content

Русита гаѓаа во Украина со касетна бомба од 500 килограми

Најмалку две лица загинаа во руски бомбашки напад врз источноукраинскиот град Добропиља, соопштија денеска украинските власти.

Во нападот со касетна бомба од 500 килограми врз прометниот центар на градот, исто така, се повредени 21 лице, изјави воениот гувернер на регионот Донецк, Вадим Филашкин, во објава на Телеграм.

-Русите повторно намерно нападнаа место каде што се собираат многу луѓе – трговски центар во срцето на градот, рече Филашкин.

Тој додаде дека се оштетени 30 комерцијални објекти и повеќе од 300 станови во околните згради.

-Се верува дека има и други жртви закопани под урнатините на зградите оштетени во нападот, рече Филашкин.

Снимките од местото на настанот покажуваат горење на комерцијални области околу трговски центар и чад што се издига кон небото.

Во своето традиционално вечерно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „само ужасен, глупав руски терор“.

-Во овие напади нема воена логика, само обид да се одземат што е можно повеќе животи, додаде тој. 

Поврзани вести