
Вчера во 18.00 часот во СВР Тетово, Џ.Н.(54) од Тетово пријавил дека женско лице вработено во тобако сторило кривично
дело „точење на алкохолни пијалоци на малолетни деца“ казниво по член 204 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, околу 10.00 часот неговата малолетна ќерка од неа купила две шишиња алкохолен пијалок и откако отишла на базен со нејзини две малолетни другарки, по што со една од друграките го испиле пијалокот и паднале во
несвест и биле однесени во Клиничка болница Тетово, каде им била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.