Skip to main content

Попов: ВМРО – ДПМНЕ ги исполнува своите ветувања кон студентите

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов:

„Денеска заедно со моите колеги го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери со кој секој студент на додипломски студии, редовен или вонреден, на државен или на приватен факултет, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало!

Станува збор за предлог закон со кој се предлага издавање на вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп – пренослив компјутер, за потребите на редовните и вонредните студенти запишани на додипломски студии на сите високообразовни установи во државата.

Оваа мерка е директен резултат на новите политики на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Македонија – политика на конкретни решенија, а не на празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања.

Средствата потребни за оваа намена се обезбедени и веќе се дел од државниот буџет, а институциите се подготвени да помогнат во брзата, транспарентна и ефикасна реализација на оваа мерка.

Нашата цел е искрена и јасна, а не само декларативна: со дела и проекти, покажуваме дека секој студент мора да има еднаква шанса за пристап до модерно образование. Да учи, да твори, да напредува – за доброто на Македонија и идните генерации.

Како уште една од низата мерки за младите, со гордост можам да ви ветам дека ова е само почетокот. Следуваат уште многу убави работи, мерки и проекти кои ќе помогнат во создавањето подобра и просперитетна иднина. Иднина, која ќе ја предводиме ние како млади луѓе – иднина за нас, но и за генерациите кои доаѓаат по нас.

Поврзани вести