Skip to main content

НУБ „Св. Климент Охридски“ почна со проектот издавање на фототипни изданија од историска важност за Македонија

Согласно со Годишната програма за работа на Библиотеката за 2025 година, ве известуваме дека започнуваме со реализација на проектот Издавање на фототипни изданија од историска важност за Македонија.

Во годината во која славиме 80 години стандарден македонски јазик, меѓу првите изданија што ќе ги издаде Националната библиотека ќе бидат изданија тесно поврзани со македонскиот јазик како:

,,Речник на три јазика” од Ѓорѓија Пулевски (1875 година),

,,За македонцките работи” од Крсте Петков Мисирков (1903 година),

,,Буквар со читанка” од Комисија при Министерството за народна просвета на Република Македонија (1945 година),

,,Македонска граматика” од Круме Кепески (1946 година).

Дел од тиражот ќе биде дониран до сите наши библиотеки соработнички и еден дел ќе биде наменет за продажба.

Започнуваме процес кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција, традиција на чување, промовирање и негување на пишаното културно наследство на Македонија.

Поврзани вести