Skip to main content

Сончево и топло, максимална температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Како што информираат од УХМР, во наредните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Поврзани вести