Skip to main content

Кошта одговори на царините од САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

Facebook António Costa

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како одговор на објавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на стоки од ЕУ, порача дека Европската Унија „останува цврста, обединета и подготвена да ги заштити“ своите интереси.

Царините се даноци. Тие ја поттикнуваат инфлацијата, создаваат неизвесност и го попречуваат економскиот раст. Ќе продолжиме да градиме силни трговски партнерства ширум светот, рече Кошта, пренесува Ројтерс.

Трамп претходно соопшти дека од 1 август ќе стапат во сила царини во висина од 30 отсто на сета стока што се увезува од земјите на Европската Унија, како и од Мексико.

Трамп на својот профил на мрежата „Truth Social“ објави копии од писмата што ги испратил до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум. 

Поврзани вести