
“Порти кон бескрајот” е самостојната изложба од прилепскиот автор Илија Кочоски,отворена синоќа во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”-Прилеп.
Кочоски на изложбата се претставува со дела поделени во два циклуси – првиот со 13 композиции кои претставуваат автентичен и единствен приказ на Тајната вечера и вториот од 8 дела кои се раскошни и колоритни композиции.
Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска,историчар на уметност,која посочи дека Кочоски внимателно ги негува формите, облиците и структурите, применувајќи колажен пристап во создавањето на делата.
-Авторот Илија Кочоски создал непроценлива ризница од композиции работени во комбинирана техника-масло на платно, бакарна фолија, сребрена боја, дрвени резби и позлатени клинци. Тој развил разновиден семиотички систем и изградил сопствен уметнички идентитет, изразувајќи го бескрајот на човечкиот дух со виртуозна употреба на бојата. Тој вдлаби траг и создаде апотеоза на вечната дилема и борбата за вистината меѓу науката , уметноста и религијата – рече Димеска, на отворањето на изложбата.
Ова е трета самостојна изложба од Илија Кочоски, кој како архитект е автор на повеќе споменици и плочи низ Прилеп и околината.