Skip to main content

Дурмиши во Куманово: Со мерки од Оперативниот план креираме активна економија

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, присуствуваше на јавната презентација на Оперативниот план за вработување 2025 во Куманово, во организација на Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување. Настанот го привлече вниманието на бројни граѓани, млади лица, компании и претставници на локалните институции, кои покажаа сериозен интерес за државната поддршка за вработување и економски напредок.

„Ние не нудиме декларативни ветувања, туку конкретни алатки за промена. Инвестираме 40 милиони евра во активни мерки кои треба да им помогнат на граѓаните да останат тука, да напредуваат и да го реализираат својот потенцијал“, истакна министерот Дурмиши.

Планот за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, насочена кон повеќе од 10.000 граѓани, а досегашниот одѕив покажува дека мерките веќе го даваат посакуваниот ефект.

Поврзани вести