
Полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале А. Ф. (61) од истото село, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Како што информираат денеска од МВР, пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.