Skip to main content

„Ти пишувам од сржта на тишината“ – поетско читање во чест на Игор Исаковски

Во чест и сеќавање на поетот Игор Исаковски, човекот што ја означи генерацијата современи македонски писатели и го креираше ритамот и духот на времето во кое твореше, утре (15.12.2025) ќе се одржи поетско читање наречено „Ти пишувам од сржта на тишината“. Настанот ќе почне во 17 часот во „Лабораториум“.

На десетгодишнината од неговото физичко заминување, се собираме за да го славиме поетот и неговите стихови. Животот е краток, но уметноста е бескрајна. На Игор животот сосема добро му прилегаше, но бесмртноста му прилега уште подобро – велат организаторите на настанот.

На настанот ќе читаат Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Александра Димитрова, Елизабета Шелева, Сузана Спасовска, Валентина Бактијаревиќ, Џабир Дерала, Ана Голејшка Џикова, Билјана Црвенковска, Никола Гелевски, Ива Петреска, Бранислав Николов, Илинка Делчева, Ѓоко Здравески, Владимир Мартиновски, Марко Кочишки, Биљана Стојановска, Славица Диневска, Тони Димков, Павлина Атанасова, Елизабета Баковска, Љупчо Јолевски, Ненад Стевовиќ, Долорес Атанасова-Лори, Ана Зафирова…

Игор Исаковски (Скопје, 19 септември 1970 – Скопје, 15 декември 2014), поет, прозаист, уредник, преведувач. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Основач на Културна установа Блесок. (www.blesok.mk), каде што работеше како главен и одговорен уредник од 1998 година до неговата смрт.

Објавени книги: „Писма“ (роман, 1991), „Црно сонце“ (поезија, 1992), „Експлозии, трудна месечина, ерупции…“ (раскази, 1993), „Вулкан – Земја“ (поезија, 1995), „Небо“ (поезија, 1996, 2000), „Гравири – Blues говорница“ (многу куси текстови, 2001), „Песочен часовник“ (раскази, 2002), „Длабоко во дупката“ (поезија, 2004), „Пливање во прашина“ (роман, 2005, награда „Прозни мајстори“, 2005), 2Blues говорница II“ (2006, Годишна награда за најдобро графичко решение на печатена книга, 2006), „Стажирајќи за светец“ (поезија, 2008), „Ноќта е најтемна пред разденување“ (поезија, 2009, Награда на Белградски фестивал на поезија и книга, 2010), „Вулкан – Земја – Небо“ (поезија, 2010), „Љубовна“ (поезија, 2011), „Смртта има коса од морска трева“ (поезија, 2013), „Дека да“ (поезија, 2015).

Избори и преводи на други јазици: „Sky“ („Небо“, поезија на англиски, 1996, 2000), „Sejanje smeha“ („Сеење на смеата“, избрана поезија на српски и македонски, 2003), „I & Tom Waits“ („Јас и Том Вејтс“, избрана поезија на македонски и англиски, 2003), „Sandglass“ („Песочен часовник“, раскази на англиски, 2003), „I to je život“ („И тоа е живот“, нова и избрана поезија на хрватски, објавена во Црна Гора, 2007), „Iz bliskov in ognja“ („Од болскоти и оган“, нова и избрана поезија на словенечки, 2011), „Pjesčani sat“ („Песочен часовник“, раскази на хрватски, 2012), „Madam Hyde, Mister Hyde“ (нова и избрана поезија на холандски, 2012), „Dlanovi puni srče“ / „Дланки полни срча“ (нова и избрана поезија на српски и македонски, 2013), „Светлината ве чека на рецепција“ / „The Light Awaits You at Reception“ (нова и избрана поезија на англиски и македонски, 2013).

Исаковски уредил четири антологии; најновата е „Шест македонски поети“ / „Six Macedonian poets“, (објавена од „ARC Publications“, Велика Британија, 2011), како и два CD-ROM-а.

Преведуваше поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски-босански-црногорски, и од словенечки на македонски. Во негов превод на македонски, објавени се 60 книги.

Поезијата и прозата му се преведени и објавени на шеснаесет јазици во дваесетина земји. Застапен е во голем број избори и антологии во Македонија и во странство.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom