Skip to main content
5IR2nTji0LY
Барање од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче да се огради од изјавата на Фрчкоски дека Македонците се народ со три пива пред гранап

СДС и Филипче не се оградија од ставот на Фрчкоски дека Македонците ништо не направиле за својата држава.Тој го навреди македонскиот народ, изјавувајќи цитирам: ,,Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, тoa сe Македонци кои ништо не направиле за својата држава”.бара Валентина Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Љубомир Фрчкоски е идеолог на СДС и советник на Венко Филипче. Нивен поранешен функционер.Ваквите навреди СДС не ги коментираше, ниту пак се огради.

Дали тоа значи дека СДС како Љубомир Фрчкоски смета дека Македонците не направиле ништо за својата држава?

Дали и Венко Филипче смета исто како неговиот идеолог Фрчкоски, дека Македонците се народ со три пива пред гранап, кои не направиле ништо за својата држава?

Ова е анационална и безобразна политика на СДС.

Да потсетиме Фрчкоски е човекот кој како конзул, Заев и Филипче го пратија во САД и ОН, да ги брани интересите на Македонија. Можете сега да замислите како изгледала одбраната на Фрчкоски кој вака смета за својот народ?

Бараме СДС да се огради и јавно да се дистанцира од ваквите навреди на Фрчкоски.

Јасно е дека во СДС ништо не се менува, и дека и по Заев, таму владее Заев.

Поврзани вести