
Ноќва во 00.50 часот кај трговски центар на булевар ,,Маршал Тито“ полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од
слобода Н.А.(18) oд Тетово, кој управувал патничко возило ,,фолксваген фокс“ со тетовски регистерски таблици и се движел од булевар ,,Маршал Тито“ кон автопатот Скопје-Тетово, во спротивен правец до клучка Север.
Како што соопштуваат од СВР Тетово, со ова сторил кривично дело по член 297А од Казнениот законик – безобзирно управување на моторно возило.
Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.